Германската економија бара поголем ЕУ-ангажман на Балканот
29 април 2019Фолкер Трајер од Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) за агенцијата Ројтерс оценува дека проблемот со малите пазари на државите на Западниот Балкан ја отежнува изградбата на производствените и трговските процеси во регионот. Ако ЕУ се воздржува, тогаш е разбирливо што државите бараат поддршка, на пример од Кина, која нуди финансирање на инфраструктурни проекти, смета Трајер.
Тој смета дека западнобалканските држави, со вкупно околу 18 милиони жители, се атрактивен регион за германската економија, особено за автомобилската бранша. Позитивни страни се ниските трошоци за работа, релативно високата продуктивност, како и близината до ЕУ. Меѓутоа, недостигот од политичка соработка е голема пречка за економскиот развој на државите од Западен Балкан. Последица од тоа се зголемувањето на царините и долгите редици на чекање на границите. Проблем е и недостигот од стручна работна сила во регионот.
Повеќе:
Самит во Берлин: Македонија се бори за јуни, Меркел и Макрон туркаат кон септември
Хан е оптимист за почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон вечерва во Берлин ќе разговараат со шефовите на држави или влади на шесте држави од Западниот Балкан, а поканети се и претставници на ЕУ-земји, како Хрватска и Словенија. Притоа ќе се разговара за европерспективата на Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Посебно тежиште ќе биде ставено на односите на Србија и Косово.