1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Германија ја прошири листата на корона-ризични региони

ЖА /ДВ
24 септември 2020

Германската влада прогласи натамошни корона ризични подрачја, меѓу другите издадено е предупредување за патување во Лисабон, Даблин, Копенхаген и граничната област во Чешка и Австрија. Погодена е секоја втора земја во ЕУ

https://p.dw.com/p/3ivs6
Tschechien Lockdown Coronavirus
Фотографија: Miroslav Chaloupka/CTK/dpa/picture-alliance

Големиот пораст на нови инфекции со коронавирус во повеќе региони во 11 држави од ЕУ е причината поради која германската влада посегна по строги консеквенци, прогласувајќи ги за ризични подрачја и издавајќи предупредување за патување во нив. Ова се однесува на региони во соседните држави Данска, Чешка, Франција, Австрија и Холандија, кои се опфатени во новиот извештај на Институтот Роберт Кох. Со тоа, сега веќе 14 од вкупно 27 држави-членки на ЕУ се сметаат целосно или нивни одредени региони за корона-ризични подрачја. Во придодадените на листата се и области во Хрватска, Романија, Португалија, Ирска, Словенија и Унгарија.

Задолжителна обврска за тестирање за повратниците

Патниците кои се враќаат во Германија од корона-ризичните подрачја, мораат да се тестираат 48 часа пред или по патувањето, доколку немаат актуелна потврда за претходно негативен корона-тест. Предупредувањата за патување не значат забрана, но треба да имаат одвраќачко дејство. Министерството за надворешни работи во Берлин предупредува да не се патува во ризичните региони доколку не постои неодложна потреба. Предупредувањето значи дека туристите можат бесплатно да ги сторнираат паушалните аранжмани, а можат да се повратат и уплатените пари за авион, хотели и туристички сместувалишта доколку подлежат на германското право.

Повеќе:

Германија планира нови корона-мерки спроти сезоната на грип

Тестирање во Германија: Што се менува за повратниците?

Германија ќе ги укинува задолжителните корона-тестови за патниците

Високи казни за летувалците во ризични земји кои нема да се тестираат

Дали коронавирусот во Германија доаѓа од Балканот?

По избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, Министерството за надворешни работи на Германија на 17 март првпат издаде глобално предупредување за туристички патувања. На средината на јуни тоа беше укинато за преку 30 европски земји, но само по неколку недели за одделни земји предупредувањето повторно мораше да биде активирано како последица на зголемениот број заболени од коронавирус. Шпанија досега е единствената од ЕУ која Германија ја има прогласено за ризична и има издадено предупредување за патување за цела земја.

Сврстувањето во оваа категорија по правило доаѓа кога бројот на нови инфекции со коронавирус надминува 50 случаи на 100.000 жители во рок од седум дена.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема