1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: С. Македонија повторно на „црвената ковид-листа“

ЖА
14 јануари 2022

С. Македонија од 16.01. за Германија повторно е земја со висок ризик од Ковид-19. За патниците оттаму важи 10-дневен карантин, кој завршува со поднесување потврда за вакцинација, прележаност, или негативен тест

https://p.dw.com/p/45XgQ
Coronavirus I Einreise Deutschland I Flughafen München
Фотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Почнувајќи од 16.01.2022 година (00:00 ч.), Северна Македонија  е класифицирана како област со висок ризик на инфекција со Ковид-19, соопшти денеска Институтот Роберт Кох од Берлин. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или сојузната полиција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата, карантинот трае 10 дена.

Тој може да се прекине со поднесување доказ за вакцинација или оздравување или пак со приложување негативен тест (за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето во земјата (резултатот може да се испрати преку порталот за влез). За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето. 

Притоа, Германија ги признава само вакцините и лиценцираните производи одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА). 

Бројот на земји и области кои Германија ги прогласува за високоризични поради Ковид-19 се зголемува вторпат во една недела, на листата се додадени преку 30 земји. Покрај Северна Македонија, на „црвената листа“ во иднина се Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Австрија, а на истата се и соседите на Германија - Данска, Полска, Чешка, Швајцарија, Франција, Луксембург, Белгија и Холандија. Од вкупно 200 земји во светот, на „ризичната листа“ во Германија актуелно се речиси 140.

Со ставањето на листата на земји или области ризични поради ковид, е поврзано и предупредување од страна на Министерството за надворешни работи на Германија – се советува да не се патува туристички во нив, освен ако тоа е неопходно.

За ковид-високоризични се сметаат земји и региони за кои покрај високиот број на инфицирани се земени и други критериуми, како темпото на ширење на вирусот, оптовареноста на здравствениот систем или недоволно податоци околу ситуацијата со коронавирусот.