Германија: врело сонце и полиња во пламен
Топлотниот бран и недостатокот на дожд ги воодушевија љубителите на сончање. Сепак, постои и темна страна : шумски пожари, сува почва и овенати култури поради кои земјоделците се загрижени за својата жетва.
Невообичаено суво
На североистокот на Германија, речиси и да немаше дожд во последните неколку месеци. Државната метеоролошка служба вели дека во покраината Саксонија-Анхалт паднале само 15 литри дожд на метар квадратен- околу една четвртина од просечното количество за овој регион. Во останатите делови од Германија паднеле само 50 литри дожд на метар квадратен што претставува половина од вообичаенато количество.
Непредвидливо време
И оној малку дожд кој падна, не падна рамномерно. Во мај, државната метеоролошка служба предупреди на потенцијални шумски пожари во Долна Сакасонија. Во меѓувреме на југозападот од Германија, некои градови се соочија со обилни врнежи кои поплавија подруми и патишта- како што е случај во Фишбах, во покраината Рајнланд-Фалц.
Предупредувања од пожари
Опасноста од шумски пожари е исклучително висока во целата земја. Најкритично е во покраината Бранденбург. Во последните неколку недели, властите мораа да изгаснат над 100 пожари. Неодамна, 100 хектари шуми и ниви целосно изгореа во областа Одра-Шпре. Властите во Бранденбург изјавија дека 90 насто од пожарите се предизвикани од невнимателност на луѓето.
Многу работа за пожарникарите
Беа потребни 40 пожарникари и 13 часа да се угасне пожарот кој беснееше во реонот Одра-Шпре во покраината Бранденбург. Сепак, пожарот во Росток не го предизвика човечки фактор, туку во прашање е птица. Полицијата видела како птицата предизвикала кус спој на електричен кабел, кој предизвикал пожар на полето во близина.
Потрага за нови извори
Пожарникарите од покраината Сакасонија-Анхалт имаа толку многу работа што мораа да пронајдат креативен начин за да дојдат до нови резерви на вода. Поради тоа се упатиле кон блискиот базен и го наполниле резервоарот. Сушата не само што ја зголемува можноста за пожар, туку претставува и голема закан за земјоделците.
Рани жетви, ниски приноси
Невообичаено сувото време принуди многу земјоделци да ги жнеат своите насади порано. Од Асоцијацијата на германски земјоделци велат дека дури и во април било претопло и суво. Тоа значи дека културите ќе созреат многу порано, и покрај тоа што недоволното количество дожд довело до ниски приноси. Во меѓувреме, ненадејните обилни дождови доведоа до уште полоша ситуација- уништија дел од насадите.
Неплодна година
Компирот, шекерната трска и пченката, инаку, се жнеат на есен. Бараат многу повеќе вода од пченицата и репката. Поради невообичаените суви временски услови, германските полиња со пченка се во лоша состојба. Претседателот на Асоцијацијата на германски земјоделци, Јоаким Руквид, е песимистичен и стравува дека неплодната година би можела да го загрози изворот на приходи за многу земјоделци.
Без вода на повидок
Постојат два вида на суша: „Сушата во метеоролошки смисол се однесува на намалување на долгорочно гледаниот просек на врнежи за еден месец“, вели Штефан Тобер од Центарот за истражување на животната средина од Хелмхолц. Ова предизвикува суша во земјоделски смисол, што значи оти во почвата нема доволно вода. Тоа претставува проблем за пченицата и за ливадите на бреговите на реката Елба во Дрезден.
Вегетацијата се прилагодува на топлината
„Екстремно сушен период може да предизвика долготрајна штета за дрвјата, и обновувањето трае долго“, вели Инголф Кун од Центарот за истражување на животната средина во Хелмхолц. Вегетацијата има т.н. меморија, и може да се прилагоди доколку недостатокот на врнежи потрае неколку години. Некои градови ги повикаа граѓаните да помогнат и да ја наводнуваат вегетацијата.
Проблеми на реката Рајна
Реката Рајна и нејзините притоки се спуштија на опасно ниво, што доведе до ограничување на речниот транспорт. Канцеларијата на Сојузното оделение за пловидба и транспорт во Манхајм потврди дека додека не се подобрат условите, бродовите во горниот дел на Рајна можат да носат само 1.500 тони товар, а инаку пренесуваат 3.000 тона или повеќе.