1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од недела - олеснувања за вакцинираните и оздравените

ЕМФ
7 мај 2021

За повеќе милиони луѓе во Германија кои се целосно вакцинирани против коронавирусот или прележале Ковид-19, од недела нема да важат многу корона-рестрикции.

https://p.dw.com/p/3t6Tx
Deutschland Coronavirus | Saarland startet Modellprojekt
Фотографија: Oliver Dietze/dpa/picture alliance

Германскиот Бундесрат денеска гласаше „за“ уредбата на Владата со која се укинуваат дел од корона-рестрикциите за лицата кои се целосно вакцинирани (добиле две дози од вакцините, освен во случајот со вакцината Џонсон и Џонсон, каде е потребна една доза) или кои прележале Ковид-19. Веднаш потоа германската министерка за правда Кристине Ламбрехт оцени дека е направен „многу важен чекор кон нормалност“ и објави: „Уредбата сега може да стапи во сила во недела (9.05.)“.

Ламбрехт објасни дека на вакцинираните и оздравените нема да им биде потребен негативен корона-тест кога ќе одат на купување или на фризер. Нивните приватни средби се исто така без ограничувања, а карантин може да биде им биде определен само во исклучителни случаи. „Ако бројот на заразени се намалува и натаму, брзо ќе бидат преземени и други чекори“, најави министерката за правда. Сепак, и вакцинираните и оздравените и натаму ќе мора да носат маски и да се држат до пропишаното растојание.

Повеќе: 

Германија: Олеснувања за вакцинираните и оздравените

Чудото од Лиг- германско село без ниту еден случај на Ковид-19

Во Германија целосно вакцинирани се околу 7,4 милиони луѓе, или 8,8% од населението. Најмалку една доза од вакцините имаат примено 26,2 милиони луѓе, или 31,5% од населението.

Со оглед на тоа што се намалува бројот на заразени лица, министерот за здравство Јенс Шпан предупреди да не се биде сосема безгрижен и да не се премине на пребрзо разлабавување на мерките.

На ниво на државата бројот на новоинфицирани лица на 100.000 жители во период од седум дена е паднат на 125,7. Пред една недела тој изнесуваше 153,4.

Како Германците се справуваат со „неомилениот“ полициски час?