Георгиевски: Помина времето на македонскиот патриотизам
20 март 2011“Помина времето на македонскиот патриотизам од пред две децении и фромирањето самосотојна држава, а споменикот на Александар Македонски е неприфатлива националистичка амбиција, при што заложник е народот, наместо економскиот просперитет и бебзедносна стабилност. Народот е осиромашен, заробеник е на антидемократски процеси, на лажен патриотизам“, кажа Георгиевски, чиј говор беше проследен со овации. На бината беа “најверните следбеници на идејата за самосотојна држава во деведесеттите години“, како што беше најавена големата група на присутни на денешната конференцијата на ВМРО-НП, чиј номинален чеф е Марјан Додовски.
Народна предлага предизборна декларација, во која за идната влада приритет ќе биде затворањето на спорото околу името и влез во ЕУ и НАТО. “На самитот во Букурешт доживеавме дебакл, а јас очекував дека вонредните избори во 2008 година се распишуваат за конечно да се симне од дневен ред името и блокадите“, додаде Георгиевски.
“Да престанеме да говориме кој кого ќе затвора, а луѓето да ги плашиме. Ние сме за соработка, не сме противници ниту на актуелниот ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, но неспорно е дека токму тие партии за време на своите мандати ги воскреснаа антидемократските процеси, тоталитаризмот и стравот во политичкиот живот.“
Со овие оценки на активната политичка сцена се враќа Љубчо Георгиевски, кој ќе ја предводи кампањата на неговата ВМРО-Народна, формирана откако актуелниот лидер на ДМПНЕ Груевски се откажа и дистанцира од него.
„Достоинство“ преминува во партија
Како се наближува (не)извесноста околу вонредните парламентарни избори, така секој викенд се конституира или најавува по некоја новоформирана партија или движење.
Македонските бранители од конфликтот 2001 година, решија здружението „Досотинство“ да го трансформираат во партија и самосотојно да настапат на следните избори, кажа Стојанчо Ангелов, полициски генерал од времето на спецјалните сили за борба против припадниците на ОНА. Благодарение на неговата упорност, околу „Досотиинство“ се собрани приближно дваесет илјади екс-војници, офицери, спецјалци и полицајаци, кои една деценија тврдат дека се општествено маргинализирани и професионално деградирани, заедно со нивните семејства.
Кога, со кого и под кои услови?
Додека вонпарламнетраните партии се преокупирани со себе или со кого да излезат на следните избори, останува клучната дилема– кога, со кого и под кои услови ќе се одржат. За тоа, вечерва (20.03) во претседателската вила на Водно ќе се состанат Никола Груевски и Али Ахмети од власта, наспроти Бранко Црвенковски и Имер Селмани од опозицијата. Шефот на државата Ѓорге Иванов не успеа пред два дена да организира таква средба, откако лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во петокот одби да замине на разговори во „невообичаен формат“, обвинувајќи го Иванов дека дејствува како продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а не како претседател на сите граѓани во земјата. Во вторникот фијаско доживејаа бипатриските разговори Груевски-Црвенковски, по што премиерот во неколку јавни настапи го обвини сопреникот од СДСМ дека се плаши од пораз и бега од соочување со електоратот.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Трајче Тосев