1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втора ноќ нереди во Лондон

8 август 2011

Насилствата во британскиот главен град продолжија и синоќа, втора ноќ по ред, откако граѓаните излегоа на протести поради убиството на еден млад човек од страна на полицијата.

https://p.dw.com/p/12ClA
Фотографија: dapd

Втора ноќ по ред британската престолнина Лондон беше зафатена со улични немири, грабежи и подметнување пожари. Нередите кои започнаа во квартот Тотенхем, синоќа се проширија и во уште најмалку два други, претежно сиромашни квартови. Насилниците, претежно млади луѓе, напаѓале полицајци, уништувале возила и продавници. Нередите во Лондон започнаа по протестите поради убиството на еден 29-годишен маж, во четврток вечерта.

Претставник на полицијата соопшти дека минатата ноќта низ Лондон се испратени дополнителни безбедносни сили и е зголемено полициското присуство по улиците. Посебни мерки на безбедност има во Тотенхем, каде претходната ноќ беа запалени и целосно уништени неколку трговски објекти, една самопослуга, неколку полициски возила и еден двоспратен градски автобус. Вкупно беа повредени 26 полицајци, а уште десетмина други лица беа задржани во болница. Досега се уапсени 55 учесници во немирите и грабежите.

Автор: БГ/ТТ/миа/БиБиСи

Редактор: Горан Чутаноски