1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Вонредна состојба во делови од БиХ поради поплавите

ЕМФ /агенции
15 мај 2019

Поради поплави по поројните дождови, во Босна и Херцеговина е прогласена вонредна состојба во повеќе градови.

https://p.dw.com/p/3IVte
Bosnien-Herzegowina Überschwemmungen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Bandic

Дождот кој не престанува од неделата предизвика големи проблеми во делови од Босна и Херцеговина. Поради поплави е прогласена вонредна состојба во повеќе градови и наредена е евакуација во подрачјката кои се загрозени од поплави.

Реките се прелеани во регионите околу Приједор, Бања Лука, Бихаќ и Добој, соопштија босанските власти. Поплавени се повеќе стотици куќи, како и стотици хектари обработливо земјиште.

Bosnien-Herzegowina Überschwemmungen
Православна црква во ПриједорФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Bandic

Повеќе патишта во загрозените региони се непроодни поради надојдената вода или лизгање на земјиштето. Во регионот на Жепче, во северна Босна, се трага по шестогдишно дете, кое било однесено од надојдената вода.

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави дека „опасноста не е помината“ и ги повика граѓаните „да ги следат упатствата на властите, без да влегуваат во паника“.

Bosnien-Herzegowina Überschwemmungen
Граѓаните во поплавените региони се повикани да ги следат упатствата на властитеФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Bandic

Раководителот на метеоролошкиот институт на Репоублика Српска, Томислав Шајиќ, за денеска најави нови врнежи од дожд, но не толку силни како во претходните денови.

Поплави има и во Хрватска. Најлоша е состојбата во Костајница, на границата со БиХ, изјави Зоран Чавловиќ од Националниот центар за борба против поплави. Сппоред агенцијата Хина, дел од градот нема струја и вода за пиење. Десетици куќи се поплавени и во Карловац. Хрватската државна телевизија јави дека пожарникари во тој регион спасиле седум туристи, меѓу нив и две деца, од поплавен камп на брегот на реката Корана.

Bosnien-Herzegowina Überschwemmungen
Дождови се најавени и за денескаФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Bandic

Во мај 2014 година од поплави во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија беа погодени речиси два милиони луѓе. Во катастрофата животот го загубија 77 лица, од кои 51 во Србија.