ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите сo 51 мандат
12 декември 2016ДИК вечерва ги објави првичните резултати, според кои ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори и освоил 51 мандат, односно два повеќе од опозицискиот СДСМ кој има 49.
Податоците според изборни единици се следни:
Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ освои 8 мандати, СДСМ 10 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 1 мандат.
Во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 8 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 2 мандати.
Во ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ освои 11 мандати а СДСМ 9 мандати.
Во ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати и СДСМ 10 мандати.
Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 9 мандати и ДУИ 1 и Алијанса на Албанците 1 мандат.
Во ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ освои 4 мандати, СДСМ 3 мандати, БЕСА 3 мандати, Алијанса на Албанците 2, ДУИ 6 и ДПА 2 мандати.
Пред почетокот на прес-конференцијата, пред седиштето на ДИК на протест беа собрани околу стотина граѓани кои го извикуваа иметото на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тврдеа дека никој не ги организирал и дека се собрале спонтано поради страв дека некој сака да и ја украде победата на партијата. Веднаш откако ДИК ги соопшти резултатите, тие си заминаа.
И во текот на денот не престанаа прозивките и шпекулациите дека ДИК „нешто подготвува“.
„Да не помислат да ја фалсификуваат волјата на избирачите, затоа што Македонија гласаше, имавме фер и регуларни избори“, пореча денеска Влатко Ѓорчев, кој беше носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 6.