1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Викиликс: Во Гвантанамо затворени невини лица

25 април 2011

Во американскиот затворенички логор Гвантанамо на Куба со години се затворени невини луѓе, произлегува од новите документи објавени на интернет порталот Викиликс.

https://p.dw.com/p/113fT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Досиејата кои се објавени од „Њујорк Тајмс“ и „Гардијан“, откриваат дека помеѓу таканаречените „лоши меѓу најлошите“, многу луѓе се сместени во ќелиите на Гвантанамо и се држат со години врз основа на слаби обвиненија, или пак, врз база на изнудени признанија добиени со огромно физичко и психичко малтретирање. Британскиот весник „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на американските воени аналитичари цитирани во документите, објавува дека 220 од вкупно 779 затвореници во Гвантанамо се сметале за опасни екстремисти. Документите откриваат и дека во Гвантанамо шест години бил затворен новинар на Ал Џезеира, за да биде испрашуван за арапската новинска мрежа.

Реакција на американската влада

Uigurische Häftlinge auf Guantanamo
Затворот ГвантамоФотографија: AP

Американската влада го оцени објавувањето на новите документи како „несреќно“. Во соопштението од Пентагот и Mинистерството за надворешни работи се вели дека, како во времето на претседателот Џорџ Буш јуниор така и во периодот на неговиот наследник Барак Обама, заштитата на американските граѓани има највисок приоритет.

Документите, класифицирани како „тајни“, ги покриваат скоро сите затвореници во кампот, кој беше отворен во 2002 година во времето на владеењето на Џорџ Буш јуниор. Повеќе од две години откако претседателот Барак Обама нареди негово затворање, 172 затвореници сe‘ уште се наоѓаат во Гвантанамо.

Досиејата за Гвантанамо се помеѓу стотиците илјади документи на САД, за кои војникот Бредли Менинг е затворен и обвинет за шпионажа и други 22 обвиненија, затоа што им ги предал на Викиликс пред повеќе од една година.

Автор: АТ/ ЖА/ афп/ макфакс