Венизелос: Проблемот со името не е билатерален, туку меѓународен
6 февруари 2014На заблешката на европратениците дека постои билатерален проблем меѓу Македонија и Грција во однос на името, што ја попречува земјата во ероинтеграцијата, министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос смета дека оваа констатација „не е точна“.
„Проблемот со името не е билатерален проблем, тој е меѓународен проблем. Дијалогот, преговорите, услугите на посредник Нимиц се втемелени врз две резолуции на ООН и на фундаменталниот принцип на европските придобивки, на европското право, односно на принципот на почитување на резолуциите на ООН“, рече Венизелос.
Според заменикот грчки премиер, не е прашањето со името тоа кое создава пречка за евроинтгерацијата и отворање на процедурата за почеток на преговорите.
„Проблемот е реализијата и почитувањето на општите критериуми кои треба да ги почитуваат сите земји кандидати и тоа што важи за сите земји кандидати, важи и за ПЈРМ“, рече тој.
Според Венизелос зад спорот со името се кријат други проблеми: „Почитувањето на меѓународното право, регионалната стабилност, иредентизмот - кој го кажува или го крие своето име, како и добрососедските односи“, истакна Венизелос.