1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венера го „бакнува“ Сонцето

ЖА/дв6 јуни 2012

Голем број луѓе денеска го следеа спектаклот на небото - планетата Венера помина преку Сонцето. Оној кој ја промаши глетката, мора да сочека на следниот „транзит на Венера“ - по 105 години.

https://p.dw.com/p/158cM
Фотографија: AP

Во раните утрински часови по средноевропско време (06.06) планетата Венера и Сонцето, набљудувани од Земјата, понудија ретка слика. Венера се провлече како мала темна точка пред светлечкото Сонце. Засенувањето траеше до околу седум часот, а најдолго, речиси седум часа, можеа да го следат жителите на источна Азија и Австралија. Но, притоа беше потребна претпазливост, при набљудувањето мораше да бидат заштитени очите преку посебни темни очила. Во спротивно, се закануваат оштетувања на видот, предупредија лекарите.

Venus zieht an der Sonne vorüber
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Германија разни планетариуми ги отворија своите набљудувачки платформи за посетителите уште во раните утрински часови. Но, облачното време во најголемиот дел од земјата го спречи гледањето на ретката појава.

Ова беше седми транзит на Венера кој може да се набљудува, откако германскиот астроном Јоханес Кеплер го предвиде феноменот првпат во 17. век.