Вашингтон останува „близок партнер“ на Ријад
21 ноември 2018Американската разузнувачка служба (ЦИА) не успеа со сигурност да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.
„ЦИА се осврна на тоа прашање, но не најде сигурно апсолутно ништо“, изјави за новинарите Трамп во Белата куќа.
Американскиот претседател пред тоа изјави дека не ја исклучува можноста за вмешаност на саудискиот престолонаследник во убиството на новинарот Џамал Кашоги, но додаде оти тоа нема да влијае на „беспрекорните односи“ меѓу САД и Саудиска Арабија.
Повеќе на темата:
-Истрагата во случајот Кашоги се одолговлекува
-Саудискиот принц лично го наредил убиството на Кашоги?
-Забрана за влез во САД за осомничените во случајот Кашоги
Трамп повторно се осврна на улогата на Саудиска Арабија како сојузник на САД против Иран и како деловен партнер. „Земјата беше извонреден сојузник во нашата многу важна борба против Иран", истакна тој. „САД имаат намера да останат близок партнер на Саудиска Арабија", рече американскиот претседател.
Кашоги (59), кој беше критичар на саудиската власт и пишуваше за Вашингтон пост, е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отишол да извади документи потребни за склучување на брак со турска државјанка.