1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српски вакцини за Босна од пријателот Вучиќ

3 март 2021

Србија и' испорача на Босна и Херцеговина 10.000 дози од вакцината АстраЗенека.

https://p.dw.com/p/3q87o
Serbien spendet Covid-19 Impfungen an Bosnien und Herzegowina
Фотографија: Serbian Presidential Press Service/AP/picture alliance

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Сараево изјави дека е подготвен да испорача и вакцини од некои други производители. Тој ги отфрли наводите дека со донацијата на вакцини за БиХ, Србија се обидува да наметне доминација во регионот. Вучиќ рече дека Србија се однесува „вообичаено, како сосед и како пријател“: „Не бараме благодарност, а не ми паѓа на памет ниту да ја работам работата на ЕУ, само сит сум од празни приказни - кога едни ќе направат едно, тоа е прекрасно, а кога тоа ќе го направат други, тогаш тоа ништо не чини. И ние во Србија и вие во БиХ се надевавме на вакцини од ЕУ, а не ги добивме, ниту една, ни во Белград ни во Сараево. Ќе се заблагодариме во март или април, кога ќе ги добиеме првите вакцини преку програмата Ковакс.“