1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буџет 2020: „мрсните” години се минато

Сабине Кинкарц
20 март 2019

Денеска министерот за финансии Шолц ќе го претстави буџетот предвиден за 2020 година. Тој нема да наиде на одушевување бидејќи предвидливо е дека ќе има помалку пари на располагање. Од Берлин Сабине Кинкарц

https://p.dw.com/p/3FJLS
Symbolbild Die fetten Jahre sind vorbei
Фотографија: Colourbox

Речиси една деценија економијата имаше само нагорен тренд. Но, сега на хоризонтот се појавија облаци и се прогнозира надолно движење на економијата. Наместо 1,8 проценти како во минатата есен, сојузната влада на Германија во 2019 очекува само еден процент економски раст. Светската економија е послаба, а една од причините е и претстојниот Брегзит и трговскиот спор меѓу Кина и САД. Тоа ќе ги намали и приходите од даноци, кои минатата година течеа беспрекорно. „Даноците растат, но веќе не со истата динамика", се вели од министерството за финансии. Затоа насоката е јасна – мора да се стегне ременот. За разлика од досегашните проекции, од 2020 до 2023 година, годишно ќе има на располагање околу 625 милиони евра помалку на располагање. „Нема да скратиме средства", убедуваат од министерството за финансии. Но, сите мора да помогнат буџатот да не излезе од рамките и да се одржи „позитивната нула". Да нема нови долгови, така стои во коалицискиот договор на ЦДУ, ЦСУ и СПД од пред една година.

Желбите остануваат неисполнети

За министерот Олаф Шолц тоа значи дека мора да ги скрати барањата на другите колеги министри. Тоа не е едноставно, бидејќи многумина се навикнаа на „мрсните” години со големи даночни приливи. Денеска Шолц во кабинетот ќе ги претстави главните точки на буџетот за 2020 година. планирани се издатоци во висина од 362,6 милијарди евра, односно 1,7 проценти повеќе од 2019 година. Битно е да се постават „вистинските приоритети" и да се зајакне социјалното единство во Германија, се вели од министерството за финансии. 39,6 милијарди евра треба да бидат инвестирани во инфраструктура, од кои 16 милијарди во сообраќајот. За проширување на дигиталната мрежа се предвидени 4 милијарди евра. Во социјала треба да профитираат фамилии со мали или средни примања, на пример преку повисок износ на детскиот додаток. Една милијарда евра се предвидени за социјални станови. За развој на вештачка интелигенција предвидени се 500 милиони евра. Предвидена е и ставка за даночно поддржани истражувања и развој, а издатоците за внатрешната безбедност се на рекордно ниво.

Deutschland Berlin Bundestag Olaf Scholz
Министерот за финансии Олаф ШолцФотографија: picture-alliance/dpa/K. Kappeler

Кавга околу одбраната и развојната помош

Иако може да се смета на тоа дека владата ќе ги одобри главните точки на нацрт буџетот, не треба да се очекува громогласен аплауз. Нерасположени ќе бидат пред се министерката за одбрана Урсула Фон Дер Лајен, како и министерот за развој, Герд Милер. Буџетот за одбрана во однос на 2019 бележи пораст од 6,2 милијарди евра, но министерката очекувала сигурно повеќе. Во 2020 т.н. НАТО квота која го одредува уделот на издатоците за одбрана во однос на брутодомашниот производ, ќе изнесува 1,37 проценти. Во натамошното планирање на финансиите до 2023 година се намалува на 1,25 проценти, на нивото од 2018 година и покрај тоа што Ангела Меркел на НАТО и особено на претседателот на САД, Доналд Трамп, им вети дека квотата до 2024 година ќе се зголеми на 1,5 проценти. 

Возење на сигурно
Во Министерството за финансии креваат раменици. Сега станува збор за сумите за 2020 година, а за следните години ќе мора во догледно време повторно да се врши пресметка. „Ние возиме на сигурно", велат од таму. Понатамошниот раст ќе зависи од развојот на економијата и наплатата на даноци. Тоа важи и за развојната помош. Министерот Милер веќе се пожали дека неговиот буџет ќе биде замрзнат на нивото од 2019 година. Министерството за финансии демантираше. Проценката е на 10.25 милијарди евра. ОДА- квотата – средства за јавна помош за поддршка и развој е стабилна на 0,51% од БДП. Тоа е рекордно ниво, велат од Министерството за финаниси. Сите преземени меѓународни обврски може да бидат испочитувани.

Baltikum Reise Verteidigungsministerin Von der Leyen
Министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен очекуваше повеќе пари за одбранатаФотографија: picture-alliance/dpa/A. I. Bänsch

Протести од многу страни

Милер има и многу поддржувачи. Зелените ги оценија главните точки од буџетот за Министерството за економска соработка како доказ за сиромаштија :„За тенкови и дронови без проблем ќе се дадат нови милијарди евра, додека за борба против глад и за меѓународна заштита на климата ќе се кратат средства", вели експертот на Зелените за буџет, Свен Кристијан Киндлер.

Од ВЕНРО, сојузното здружение за развојна политика и хуманитарни невладини организации велат дека Германија се повеќе се оддалечува од своите меѓународни обврски, според кои треба да инвестира 0.7% од БДП во развојната помош и соработка" Тоа е спротивно на договореното со коалицискиот договор и сигнал за нашите партнери на глобалниот југ: вие во иднина сте оставени на кризи, климатски промени и сиромаштија", критикува првиот човек на ВЕНРО, Бернд Борнхорст.
„Тоа е развојно-политичко уназадување кое води кон зачмаеност."

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ