1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борусија Дортмунд има најубави дресови

ЕМФ/сид21 август 2013

Борусија Дортмунд има најубави дресови во сезоната 2013/14. Ваквата оценка не е дадена од кого било, туку титулата на црно-жолтите им ја додели Високата школа за медиумски дизајн од Диселдорф. На дното е Вердер Бремен.

https://p.dw.com/p/19Twp
Фотографија: picture-alliance/dpa

Фудбалерите на Борусија Дортмунд можеби загубија од Бајерн Минхен во Лигата на шампиони пролетоска, но во актуелната сезона тие ривалот го оставија далеку зад себе. Додуша не со бодови од натпреварите, туку според оценките за дизајн на дресовите. Имено, Високата школа за медиумски дизајн од Диселдорф оцени дека црно-жолтите (на фотографијата горе) имаат најубави дресови во сезоната 2013/14.

„На дресовите кои ги нагласуваат контурите на телото, малите детали имаат голема улога“, ја образложи жирито својата одлука. Боите градат „хармонично единство“, а покрај тоа логото, името на спонзорот и бојата за контраст се „перфектно“ искомбинирани. Освен дизајнот, титулата најубав дрес е заслужена и со кројот и високо квалитетниот материјал.

Bundesliga 2013/2014 2. Spieltag Werder Bremen FC Augsburg
Вердер Бремен со дресови кои имаат многу „модни гревови“Фотографија: Getty Images

Бајерн Минхен, токму во ерата на стил-иконата Пеп Гвардиола, ја напушта „модната лига на шампиони“ во Бундеслигата. Дресовите на клубот завршија дури на 11. место. „Бајерн досега имал многу поиновативни дресови“, соопшти жирито, оценувајќи го едноставниот дрес кој „има добра комбинација на бои, но нема хајлајт“.

На дното на ранг листата на Високата школа за медиумски дизајн оваа сезона се наоѓаат Борусија Менхенгалдбах, Хофенхајм и Вердер Бремен. Особено на Вердер му се префрлаат големи „модни гревови“ во дизајнот на дресовите. „Толку зелени како тревата, тоа не е соодветно за телевизија“, оценува жирито.