Борба за живот во тетовската болница
2 септември 2021Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери.
Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата која изминативе недели ги живее најдраматични денови од почетокот на пандемијата. Напливот на пациенти е огромен, а билтените секојдневно информираат за нови починати.
Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Во истовреме, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37% опфат на лица над 18 години.
Погледнете ја состојбата во болницата во нашето видео.