Болтон во Анкара: Што ќе случи со Курдите?
8 јануари 2019Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја повлече војската од Сирија, има опасност од воен ангажман на Турција во Сирија против Курдите, со кои американската војска до сега беше во коалиција против борците на Исламска држава (ИД). Тоа во прва линија беше сириско-курдската паравојска ИПГ, продолжената вооружена рака на партијата на Демократската унија ПИД, која пак е сириската верзија на партијата на Курдите во Турција, ПКК. Владата во Анкара заради тоа ја смета за терористичка група.
Советникот на Доналд Трамп, Џон Болтон, имајќи го ова в предвид денеска доаѓа во Анката. Во пресрет на посетата Болтон нагласи дека САД пред да ја повлечат својата ојска сакаат од Турција да добијат гаранции за Курдите кои војуваат во Сирија. „Сметаме дека Турците не треба да преземаат воени дејствија кои не се во договор со САД и со кои САД не се целосно согласни." Болтон рече дека друг услов е „ИД да биде поразена без можност да се реорганизира и повторно да претставува опасност".
Експертот за меѓународни релации од Истанбул, Серхат Гувенч, за ДВ ги разјаснува појдовните точки и можните последици од денешната средба.
„На Турција ниту Асад и е битен, ниту ИД"
ДВ: Џон Болтон ги дефинираше темите за кои сака да разговара во Анкара. Која страна ќе излезе позадоволна од разговорите?
Серхат Гивенч: Мислам дека тоа ќе биде Турција. Од моментот кога ИД во Сирија беше навистина моќна, Анкара од Вашингтон може да бара што сака како на пример Турција да има контрола над регионот. Откако ПИД и ИПГ се силни актери на сцената, Турција од Вашингтон постојано бара едно, те исто: „Да не соработува со ИПГ, туку со нив. Во битката против ИД да бидат на иста страна."
Но, Пентагон своевремено процени дека курдско-сириската паравојска ИПГ е корисен партнер и спрема Турција се држеше на дистанца. Претстојната посета покажува дека сега се свртел листот и дека Турција на Блискиот Исток и особено во Сирија се смета за партнер. Посетата покажува колкаво значење има Турција.
Повеќе:
-Трамп го одолговлекува повлекувањето од Сирија?
-Трамп: САД веќе нема да бидат „светски полицаец“
-Сирија: Нема изгледи за подобрување
Болтон на Твитер пиша дека САД „се на страната на оние кои заедно со нив се бореле против ИД". Очигледно е дека притоа алудира на ИПГ. Како САД по повлкувањето од Сирија ќе се погрижат за безбедноста на Курдите?
Тоа е најспорната точка на средбата. САД немаат задршки за тоа Турција да се бори против ИД. Но, Вашингтон истовремено сака да се погрижи да не се нанесе штета на некогашниот сојузник, курдско-сириската ИПГ. За тој дел САД ќе се обидат да добијат гаранции од Турција. Тоа е точката на раздор, бидејќи за Турција во Сирија во преден план, особено во источниот дел кај реката Еуфрат, не се ниту Асад, ниту ИД. Турција, додека се бори против ИСИС ќе даде се од себе истовремено да ја разбие и курдско-сириската ИПГ. За таа точка да добијат гаранции, ќе биде тешка задача за САД.
Може ли Турција воопшто да даде вакви гаранции? Или е доволно само ако каже дека ќе се бори против ИД?
За Трамп борбата против ИД е на прво место и тој беше среќен што и ја предаде оваа задача на Турција. Но, потоа различни актери во Вашингтон отворија повеќе дилеми. Поради тоа сега има нијансиран пристап кој гласи: „Треба да се води борба против ИД, но евентуална воена акција во Турција не смее да води кон уништување на ИПГ." Значи не е доволно само да се даде наредба за борба против ИД. Вашингтон не сака да ги остави своите сојузници на цедило.
Не е исправно да се изразат само симпатии кон ИПГ. Ако Вашингтон и го препушти регионот на Турција, тогаш Турција нема толку силно да ги застапува американските интереси како што би сакала САД. Како резултат на тоа, многу е можно, дека ќе се оди кон тоа повеќе да и се ограничи преговарачкиот простор на Анкара.
„Анкара мора да ги убеди Москва и Дамаск"
Остануваат ли САД единствениот партнер за разговор во врска со ИПГ? Или може да се очекува дека со повлекувањето на САД, Русија или Иран, па дури и раководството во Дамаск ќе добијат поголемо влијание?
Ако ги погледнеме операциите во Манбиџ, Турција ќе мора внимателно да го следи режимот во Дамаск и Русија. (Во северносирискиот Мандбиш курдските милициии ги поттикнаа трупите на Асад, да го освојат градот за да спречат турски напад, ред. забелешка.)
Едно не смее да се заборави: Русија, Иран и Сирија не ја сметаат ИПГ како терористичка организација со која треба да се бори. Поради тоа мора Турција, да ја убеди Москва но и Дамаск. При тоа мора да бидат многу дипломатски за да ги задоволат различните спротивставени страни. Првиот чекор е направен веќе минатата недела. Турска делегација отпатува во Москва, но до сега не изгледа дека е постигнат посакуваниот резултат.