Ахмети го повика Кривокапиќ да помогне во спорот за името
26 ноември 2013Реклама
Претседателот на Демократската унија заинтеграција, Али Ахмеи, го повика претседателот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, да ѝ укаже на меѓународната заедница за важноста од решавање на спорот за името меѓу двете земји (Македонија и Грција) и да ги повика двете страни да седнат на преговори на највисоко ниво, јавуваат црногорските медиуми.
Според Ахмети Ранко Кривокапиќ, во својство на претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, треба да настојува меѓународната заедница да ги повика двете страни да постигнат компромис со кој би се спречило понатамошното блокирање на земјава на патот на интеграциите во Европската Унија и НАТО.