Антикорупциски протести и масовни апсења во Русија
27 март 2017Протестите се сметаат за најголеми во последните 6 години и се одржуваа паралелно во речиси сите поголеми руски градови. Навални беше уапсен во Москва додека минуваше со своите поддржувачи низ центарот на градот. Државната агенција Тасс јави дека само во Москва биле уапсени најмалку 500 луѓе. Во повеќе градови, властите го забранија одржувањето на протестите.
Навални планира да се кандидира на претседателските избори следната година и да му се спротивстави на актуелниот шеф на државата, Владимир Путин.
Фокусот на вчерашните протести, сепак, беше насочен кон премиерот Дмитри Медведев кој, според извештај објавен од Навални минатиот месец, натрупал огромно лично богатство. Руската влада ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги за предизборна пропаганда.