1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Турканици пред продавниците, фризерските салони и пабовите

СН/агенции
12 април 2021

Со нова фризура на пиво: По повеќе од три месеци локдаун, денеска во Англија стапи во сила втората фаза на ублажување на корона-рестрикциите. Отворени се терасите на пабовите и на рестораните...

https://p.dw.com/p/3rt2W
Großbritannien, Cardiff |  Wiedereröffnung des Einzelhandels
Фотографија: Matthew Horwood/Getty Images

Благодарение на постигнатиот напредок во кампањата за вакцинација, сега повторно муштерии можат да примаат и сите британски продавници, фризери и фитнес студија а исто така повторно се отворени и базените, библиотеките и зоолошките градини.

Некои пабови во Англија не сакаа да губат време и отворија веднаш по полноќ. На улицата Оксфорд во Лондон, која е позната по своите можности за купување, првите муштерии се редеа пред продавниците уште во 5:30 часот наутро и покрај студените температури - и чекаа со часови за конечно да можат да го допрат и да го пробаат омиленото парче облека.

Großbritannien, Birmingham |  Wiedereröffnung des Einzelhandels
Фотографија: Carl Recine/Reuters

Со повеќе од 127 000 смртни случаи од Ковид-19, Велика Британија има најголем број жртви во пандемијата во Европа. Сепак, вакцинацијата добро се одвива во Велика Британија. Од 66 милиони жители, повеќе од 32 милиони веќе ја примиле првата доза на вакцината; а 7,47 милиони луѓе веќе ги примиле двете дози.

Повеќе:

-АстраЗенека: Спротиставени пораки од Холандија и од Велика Британија

-Кавгата за вакцините се разгорува уште повеќе

-По корона-планот на Џонсон: Британците резервираат патувања „како побудалени“

Во комбинација со првобитно строгиот локдаун, од јануари наваму бројот на дневни смртни случаи на Ковид-19 е намален за 95 проценти, а на инфекции за 90 проценти.

Британскиот премиер Борис Џонсон пред една недела рече дека ублажувањето на мерките е „целосно оправдано“ поради падот на бројот на инфекции.

Тој првобитно сакаше да ги прослави новите правила со чаша пиво на тераса на некој паб. Сепак, се откажа од овој план поради смртта на британскиот принц Филип. Џонсон и покрај ублажувањата на мерките ги повика своите сонародници да „постапуваат одговорно“ 

Како дел од планот во четири фази, сите ограничувања воведени во Англија поради коронавирусот треба да завршат до крајот на јуни. Од друга страна владите во Шкотска, Велс и Северна Ирска постапуваат повнимателно со новите опции за отворање.