1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абдула Абдула води на претседателските избори

ЖА/миа/ртре20 април 2014

Абдула Абдула, поранешниот авганистански министер за надворешни работи е во водство, но нема мнозинство гласови за да може да биде избран за претседател уште во првиот круг.

https://p.dw.com/p/1BlQM
Фотографија: Reuters

Поранешниот авганистански министер за надворешни работи Абдула Абдула води на изборите за претседател на Авганистан, што се одржаа на 5 април, соопшти денеска (20.04.2014) Независната изборна комисија по преброени 50 проценти од гласачките ливчиња.

Комисијата информира дека, според досегашните резултати, Абдула е во водство, но нема мнозинство гласови за да може да биде избран за претседател уште во првиот круг.

Според досега преброените гласачки ливчиња, Абдула од опозициската Национална коалиција на Авганистан освоил 44,4 проценти од гласовите, а по него следи независниот кандидат и поранешен министер за финансии Ашраф Гани со 33,2 отсто.